ОЈО: Обдукцијата ќе покаже дали е убиство или самоубиство
Резултатите од обдукцијата ќе покажат дали се работи за самоубиство или убиство на човекот кој утринава беше пронајден мртов во ходникот на зграда на булеварот „Октомвриска револуција„ во Куманово .
Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека К. Т.(55) од Куманово, се здобил со простерелна рана во главата и како последица на тоа починал.
Пронајден е на вториот кат во ходникот пред вратата на станот на градоначлникот, со пиштол во десната рака од кој е пукано и една чаура. Нема информации дали оружето го поседувал со одобрение.
Телото е предадено на обдукција, а оружјето и доказите земени од лице место се дадени на вештачење.
Резултатите од обдукцијата ќе покажат дали се работи за самоубиство или убиство.
Поради мистериозната смрт на кумановецот, згрдатата повеќе од 5 часа беше под силно полициско обезбедување.