×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • OJO отвори истрага против функционери на МВР во Куманово,Струмица и Скопје

    20.02.2017 09:49 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Куманово, Скопје и Струмица.

    OJO отвори истрага против функционери на МВР во Куманово,Струмица и Скопје

    Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела,  стои во соопштението на обвинителството.

    Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  презема  дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.