Општина Куманово испрати техничка помош во поплавените подрачја
Со техничка и хуманитарна помош општината Куманово ќе помогне на поплавените подрачја и семејства во скопскиот регион.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, со тим од 12 луѓе од општината Куманово, Територијалната противпожарна единица и ЈП „Водовод„ денеска напладне заминале во Скопје.
„Ние утринава одржавме кризен штаб во потесен круг и се договоривме да помогнеме во она што е најнеохпдно во овој момент. Тоа е противпожарно возило за исцрпување на водата, цистерна за вода и пумпи. Исто така обезбедивме и еден камион минерална вода, која сега ќе ја предадеме. Ние сме во постојан контакт со Центарот за управување со кризи и градоначалникот на град Скопје. Сега ќе видиме што уште е неопходно и во тој правец ќе се организираме, - изјави градоначалникот Дамјановски.