×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината тврди дека ги анализира состојбите со загадувањето

    06.02.2017 18:08 | KumanovoNews

    Општина Куманово тврди дека преземала мерки и формирала работна група, која има задача да ја анализира состојбата и да предложи мерки против за намалување на загадување на воздухот, по обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

    Општината тврди дека ги анализира состојбите со загадувањето

    „Општина Куманово во соработка Општински штаб за заштита и спасување, формира работна група составена од претставници на повеќе сектори од општината, јавни претпријатија, јавни установи и невладини организации, со цел да се анализираат случувањата од состојбата со загадување на воздух во општина Куманово и да се дадат препораки до Градоначалникот и Советот на општина, за превземање на одредени мерки и политики, кои на подолг временски период ќе допринесат за спречување и намалување на загадување на воздухот. Овие препораки ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и истата ќе може да се вклучи активно со свои сугестии и предлози за дополнување или измена на мерките“, - соопштува Општината.