Општински натпревар по прва помош
Седум екипи од средните училишта и волонтери, денеска учествуваат на општински натпревар во прва помош што го организира Црвен Крст Куманово.
Лекари од Здравствениот дом и Кумановската болница ја оценуваа подготвеноста на учениците да укажат прва помош на повредените во секоја ситуација.
Се оценува пристапот при пружање на прва помош на повеќе различни повреди, кои бараат различен третман кон повредените. Се оценува подготвеноста, креативност, брзината, уиграноста и екипираноста на учесниците, како и употребата на санитетскиот матерјал за пружање на прва помош, - велат лекарите.
Овој натпревар е 25-ти по ред а најдобрите ученици ќе го претставуваат градот на регинално па на државно натпреварување, кое ќе се одржи во септември.
За натпреварот се подготвувавме еден месец, напорно работевме и се надеваме на добри резултати. Во натпреварувањето се вклучени ученици од втора, трета и четврта година, оние кои соработуваа со црвен крст или се волентери„ - вели Надица Трајковска, професор по практични предмети во „Наце Буѓони“.