Осуммина повредени во сообраќајка во Војник
27.06.2016 13:50
| KumanovoNews
Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во селото Војник.

На магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во близина на село Војник, вчера во 16.50 часот, во сообраќајна несреќа на три автомобила со кумановски регистерски таблици и еден автомобил со гостиварски регистерски таблици повредени се осум лица.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.
(фото архива)