Отворен Центарот за ран детски развој во „Иго Тричковиќ“
Во подрачното основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата „Иго Тричковиќ“ денеска беше пуштен во употреба новиот Центар за ран детски развој Сонце.

Во центарот секојдневно, по три часа, ќе престојуваат стотина деца од предучилишна возраст.
Центарот е отворен во соработка на општината Куманово и УНИЦЕФ. УНИЦЕФ донираше 900.000 денари, а локалната самоуправа одвои 1,4 милиони денари за уредување на две училници за центарот и една училница за потребите на училиштето. Од еден руиниран направивме убав простор за најмладите„, -изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
На отварањето присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташковска- Ременски, која ја поздрави одлуката на УНИЦЕФ за отварање на вакви центри.
„Во Република Македонија отворени се 18 дневни центри. Во оваа прилика сакам да кажам дека е многу важна грижата и посветеноста за потребата на најмадите. Отварањето на вакви капацитети на ран детски развој ќе обезбедат многу поголема грижа на децата меѓу тоа ќе остават простор на родителите за нивните обврски“-изјави Ременски.
Во моментот Центарот за ран детски развој го посетуваат 60-тина дечиња од населбата.