Отворен поштенски шалтер во Станицата за технички преглед на АМД „Киро Бурназ“
Станицата за технички преглед на Авто-мото друштвото „Киро Бурназ„ во Куманово, воведе уште една новина во своето работење, со цел да ја подобри услугата кон граѓаните и да го поедностави процесот на регистрација на возилата.

„Од пред неколку дена отворен е поштенски шалтер каде граѓаните ќе можат да извршат уплата за регистрација на возилото. Со тоа ќе се поедностави постапката и клиентите не мора да губат време да одат во градот, туку целата работа ќе ја завршат на едно место. Шалтерот е отворен во соработка со ЈП „Македонски пошти“, - велат од АМД „Киро Бурназ“.
Истовремено во состав на Станицата се наоѓаат и канцеларии на МВР за оверување на сообраќајните дозволи и за осигурување на возила и патници.