Отворена изложба на Стоје Додевски
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата со резби во дрво „Сеќавање“ на Стоје Додевски.

Изложбата се состои од 26 дела и авторот ја посветува на неговата почината сопруга. Тој десетина години се занимава со оваа уметност.
Најлесно дрво е оревот, најмногу го користиме во Македонија. Тоа сите го знаат, работев и на други и на габер кое е тврдо и најтешко дрво, ама се работи на сирово додека е сирово инаку кога ќе се исуши глетата се криват. Имам работено и на круша, липа, чам еден сценографски елемент имам правено во претставата „Р“ од Јордан Плевнеш кога ја режирав и тогаш направив сценографски елемент резбан во чам. Тоа беше чудно и за мене и за сите бидејќи чам е тежок за изработка затоа што пушта конци, се кине не ги прави фигурите како што треба јас успеав тоа да го изработам - вели авторот.
Додевски е роден во Куманово во 1955 година. Тој е слободен уметник, основни преокупации му се аматерскиот филм, театарска режија и копаничарството.