×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена стечајна постапка за Кумановската циглана

    13.01.2017 11:37 | KumanovoNews

    Отворена е стечајна постапка за Керамичко индустрискиот комбинат(КИК) А.Д.Куманово.

    Отворена стечајна постапка за Кумановската циглана

    Според стечајниот управник Зоран Денковски, стечајот започнал кон крајот на декември со објава во Службен весник, кога се повикани сите доверители да ги достават своите побарувања. Потоа ќе се одржи собрание и ќе се утврди имотот со кој располага комбинатот, по што ќе се одлучи за натамошниот тек на постапката.

    „КИК Куманово не работи од 2009 година, нема вработени и располага со незначителен имот. Пред 5 години производствените капацитети и друг имот се преземени од друга фирма „Тргопромет-Тони„, по основ на извршни решенија поради ненаплатени долгови, - изјави Денковски.

    Кумановската циглана беше една од најголемите на Балканот, приватизирана е во март 2001 година од грчка и македонска фирма, а  во јавноста за вистински газда се сметаше ексдиректорот на Царината Драган Даравелски.