×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Отворени денови“ во Центарот за вработување Куманово

    09.02.2016 13:45 | KumanovoNews

    Во Центарот за вработување Куманово денеска се одржуваат „Отворени денови“, на кои раководството од Агенцијата за вработување ќе се сретне со невработените и работодавачите.

    „Отворени денови“ во Центарот за вработување Куманово

    Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски вели дека во последно време има поплаки од работодавачите дека и по неколку објави на нивните огласи,  не се јавуваат работници и со нив ќе разговараат за проблемите кои се јавуваат на пазарот на трудот.

    Во последно време сè повеќе се бараат техничките струки, кои што во моментов во Република Македонија подолго време беа во мирување и немаше соодветен капитал на луѓе,  кои што можевме да ги пуштиме на работодавачите. Тие луѓе иако поседуваат образование, сепак не поседуваат практично знаење за тоа образование. Во наредниот период фокусот ќе ни биде ставен да помогнеме на образовниот процес, да добијат вештини, да има повеќе вработени, а помалку невработени. Моја работа како директор на АВРМ е да направам подеднакви услови за сите - изјави Поповски.

    Во Куманово има околу 19.000 невработени, од кои 10.700 се активни баратели на работа, а 9.017 лица се пасивни баратели.

    Има интерес за посета на обуките. Обуките даваат ефекти. Ќе споменеме само една од обуките е обука со  субвенционирање на пазарот на трудот, каде што имаме околу 40 лица директни вработувања само по тој основ - кажа Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Во наредниот период ќе се направи анализа зошто на одредени огласи воопшто не се пријавуваат кандидати за вработување, а на „Отворени денови“ беше  кажано дека за одредени специфични занимања и занаети недостига кадар.