Овоштарите да ги заштитат овошките од ниските утрински температури
Од Управата за хидрометеоролошки работи ги предупредуваат овоштарите и земјоделците да ги заштитат овошките, бидејќи поради разведрувањето за време на викендот, и на почетокот на наредната недела, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата.

„Со разведрувањето во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, а на некои места во недела наутро очекуваните негативни температури на воздухот, кои ќе достигнат и до -4 степени Целзиусови, кои сериозно можат да ги загрозат овошките и виновата лоза, заради фактот што се наоѓаат во многу осетливи фази на развој, а тоа се прецветување или почеток на формирање на плод каде и температури од -1 степен може да предизвикаат штети, - соопштиваат од УХМР.
Препораката до земјоделските производители е да применат мерки на заштита, со препарати против измрзнување или класични методи со оросување со вештачки дожд во периодот додека се температурите негативни, а тоа е периодот пред изгрејсонце, или пак со зачадување со палење на растителни одпадоци непосредно во парцелите.