Пациент починал во расипана кола на Брза помош
Хронични болни пациенти од Крива Паланка, кои биле во тешка здравствена состојба вчера попладне починале во возило на Брза помош, додека ги превезувале кон болниците во Скопје.

Едниот од пациентите починал по наплатната рампа Романовце, а другиот малку подоцна откако им се расипало возилото на автопатот Куманово-Скопје.
“Двајца пациенти во критична состојба се примени во нашата служба за итна медицинска помош, кои веднаш се препратени во Кумановската болница. Таму починал еден од пациентите, а вториот кој исто така бил во критична состојба е препратен во Скопје. На патот за Скопје настанал дефект на возилото откако ја поминале наплатната рампа кај Романовце. И овој пациент кој бил во тешка здравствена состојба починал. Веднаш е побарана помош од Куманово и Скопје. Од Скопје стигнало возило но за жал пациентот веќе починал, - велат од Кривопаланечката болница за СДК.мк.
Од болницата велат дека пациентот бил во многу тешка состојба и дека дефектот на амбулантната кола не е причина за неговата смрт. Едниот од пациентите имал сериозно белодробно заболување, а другиот компликации по трансплантација на бубрег. Денеска ќе се знае што се случило со возилото, кое е старо повеќе од 30 години, дали откажалче кочниците или пукнала некоја сајла. Присебноста на возачот допринела амбулантното возило да не излета од патот.