Пакетчиња за дечињата што учат ромски јазик
28.12.2016 17:38
| KumanovoNews
Хуманитарното здружение „Англунипе“ денеска по десети пат подели 90 пакетчиња на дечиња од ромска националност, кои го изучуваат предметот ромски јазик и култура и деца од социјално загрозени семејства.

Апелирам до сите институции пред се локалната самоуправа да одвојува повеќе од буџетот за културата на Ромите, бидејќи самите гледате дека овие деца се социјално загрозени, за да можат да се израдуваат за празниците, - изјави Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.
Пакетчињата ги обезбедија неколку приватни претпријатија во градот.