Педесет и осма седница на Совет
Утре ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Куманово.

На дневен ред се 16 точки, од кои дел се годишни и квартални извештаи. Пред советниците ќе се најде и предлог – одлука за пренесување на правото на користење на Затворен градски базен Куманово.
Дневен ред
1. Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ Куманово од 01.01.2016 – 31.03.2016 година;
2. Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ Куманово од 01.04.2016 – 30.06.2016 година;
3. Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2016 – 30.06.2016 година;
4. Годишен Извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2015/2016 година;
5. Годишна Програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2016/2017 година;
6. Предлог - Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
7. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2016 година;
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2016 година;
9. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;
10. Информација за остварување на приходи по основ на даноци и такси за период од 01.01.2016 до 31.08.2016 година;
11. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на Затворен градски базен Куманово;
12. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Гоце Делчев" дел од Урбан блок 29, плански опфат меѓу ул. "Страшо Пинџур", ул."Видое Смилевски- Бато" и ул. "2001" - Општина Куманово;
13. Предлог - Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Орашац Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
14. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 425/1, м.в. Страна, КО Режановце вон г.р. - Општина Куманово;
15. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 11825, м.в. Ајдучка Чешма, КО Куманово вон г.р. - Општина Куманово;
16. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2016 година.