Педесет и прва седница на Совет
Советниците утре ќе одржат редовна седница на советот на општина Куманово.

На дневен ред се 24 точки, меѓу кои кварталниот извештај за извршување на буџетот и проширување на буџетот за 2016 година.
Дневен ред
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2016 година;
2. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;
3. Буџетски календар;
4. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2015 година со финансов извештај;
5. Извештај за реализирани програмски активности од Програмата за локален економски развој и развој на Информатичка технологија (ИТ) на Општина Куманово за 2015 година;
6. Информација за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од основните и средните училишта во Општина Куманово;
7. Информација за сосотојбите со реонизацијата на општинските основни училишта во Општина Куманово;
8. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на подрачја на основните училишта на град Куманово за прием на училишните обврзници;
9. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Исламска верска заедница на Република Македонија – Скопје, Муфтиство Куманово;
10. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Бедиње", дел од Урбан блок 85, плански опфат меѓу ул. "11-ти Ноември" , ул."Трајко Јовановски" ул. "Новопланирана 1" , ул. "Трајко Јовановски" , КП 10084/1, КП 10084/2 и ул. "Новопланирана 2" – Општина Куманово;
11. Предлог - Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Речица Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
12. Предлог - Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Љубодраг Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
13. Предлог - Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Ново Село Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
14. Предлог - Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Скачковце Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
15. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 875 и КП 876 , м.в. Под Вода, КО Студена Бара - Општина Куманово;
16. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 918 и КП 919 , м.в. Под Вода, КО Студена Бара - Општина Куманово;
17. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1418/1, м.в. Мала Корија, КО Горно Којнаре - Општина Куманово;
18. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- МС – мало стопанство во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ Индустрија, дел од УБ 70 за плански опфат меѓу, граница на УБ 69, граница на УБ 72, КП 26628, КП 22618/2, КП 22620/1, КП 22624/1, КП 22624/2, КП 22623, КП 22621/1, граница на наменска зона, граница на наменска зона, граница на државен пат автопат Скопје – Белгра и КП 22578/2, КО Куманово - Општина Куманово;
19. Предлог - Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за КП 3415/2 м.в Село КО Градиште – Општина Куманово;
20. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ “Перо Наков - Куманово;
21. Предлог – Решенија за именување на претставници од Општината Куманово за членови на училишните одбори во основните училишта во Општина Куманово;
22. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2015 година;
23. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2015 година;
24. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2015 година