Педесет и трета седница на Совет
Советниците утре ќе ја одржат 53-та, рeдовна седница на Советот на општина Куманово. На дневен ред се 9 точки.

Дневен ред
1. Извештај за реализација на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за Општина Куманово за 2015 година – санитарно хигиенска дејност со здравствена екологија;
2. Годишен Извештај за движење на заразни заболувања за 2015 година на подрачје на Општина Куманово;
3. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“-Куманово;
5. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за изготвување на Предлог-Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја во Општината Куманово;
6. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;
7. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 10, плански опфат меѓу ул. „2012“, ул. „Михајло Пупин“, ул. „101“, ул. „201“, ул. „202“ и пешачка патека – Општина Куманово;
8. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од УБ 16, плански опфат меѓу ул. „Веселин Маслеша“, ул. „Михајло Пупин“, ул. „Ѓорче Петров“, КП 12928, КП 12927, ул. „Будимир Димковски“ и пешачка патека – Општина Куманово;
9. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ДУП- Д1- парковско зеленило во Б1- мали комерцијални дејности за дел од УЕ „Бајрам Шабани“, дел од УБ 56 за КП 21682/1 и КП 21682/2 - Општина Куманово.