Пензионерска поетска вечер за 8. Март
07.03.2017 11:15
| KumanovoNews
По повод празникот на жената, 8. Март, Здружението на пензионери од Куманово организира музичко-поетска вечер за своите членки.

„ Темата за овој пат што ја одбравме е „Моја младост – мој живот“. Нашите поетеси ќе се потсетат на времето кое поминало, но сепак оставило траги во нивниот живот. Програмата ќе ја збогатиме со нашите солисти, дуети, како и хорот“ – најавуваат организаторите.
Поетската вечер ќе се одржи во новата сала на Занаетчискиот дом во 19 часот.