×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Перо Наков“ ќе одбележи 70 години постоење

    09.11.2015 13:59 | KumanovoNews

    Средното училиште “Перо Наков“ неделава со низа активности одбележува 70 години постоење.

    „Перо Наков“ ќе одбележи 70 години постоење

    По тој повод денеска во училиштето беше организирано поетско читање, на кое дваесетина ученици се претставија со своите лични творби.

    Традиционално како и секоја година училиштето распишува конкурс. Оваа година учениците имаа можност да творат на тема “Вредноста на моето парче среќа“ и по тој повод се организира литературно читање, на кое учениците ќе ги презентираат напишаните творби. Своите мисли, емоции ги изразија преку пишан збор - рече Фросина Милошевска, професор по македонски јазик.

    Директорката Лидија Тасевска вели дека во петок го одбележуваат патрониот празник и 70 години постоење и успешна работа.

    Утре има работилница каде што учениците од текстилната и кожарската струка ќе изработуваат производи кои што се специфични за нивната струка. Во среда нашите ученици ќе учествуваат на чествување на празникот на градот на Спомен костурницата. Има спортски натпревари. Во четврток ни доаѓа делегација од повеќе професори и ученици од Економското училиште од Ниш, Република Србија со кое што неколку години сме збратимени, ќе имаме активности со нив и во петок во 12 часот ќе биде централната прослава - изјави Тасевска.

    Ги покани сите родители и колеги да присуствуваат на прославата. Тасевска вели дека во наредниот период ќе се залагаат за промовирање на текстилната и кожарската струка, занимања со кои по завршување на средно училиште може да се најде работа.