×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петчлено семејство живее во голема сиромаштија

    05.04.2016 14:50 | KumanovoNews

    Во голема беда и сиромаштија живее петчленото семејство Ангеловски во кумановската населба Доброшане.

    Петчлено семејство живее во голема сиромаштија

    Единствен приход им е социјалната помош од 4000 денари од кои половина ги даваат за лекови а со останатото ги школуваат двете деца. Без основни услови за живот Јово (52) и неговата сопруга Марина (38), двајцата со сериозни здравствени проблеми и без пари, мака мачат како да го прехранат семејството.

    „Не работам поради операциите, имам два бај паса пред 5 години. Поднесов барање за инвалидска пензија, но ме одбија, и веќе не знам што да правам. За леб немаме, одам од куќа на куќа да барам леб, немам ни сол ниту вегета, немаме што да јадеме. Должен сум во продавниците, во една 16.500 а во друга 5000 денари, и повеќе не ми даваат ништо без пари. Кога имаме јадеме, кога не гладни си легнуваме“, - раскажува со солзи во очите главата на семејството Јово.

      Неговата сопруга Марина има сериозни психички проблеми од породувањето, па не е способна да се грижи за домаќинството.  Куќата е запуштена и празна. Речиси и немаат мебел, освен два кревети и една витрина.

    „Таа не може да се грижи, се е преку мене, јас перам, јас готвам кога има. Сите спиеме тука како свињи во кочина, во една соба, само тие два кревета, нема ништо друго. Немаме ништо од техничките апарати,  што е фрижидер, бојлер ние не знаеме“, - раскажува Јово.

     Тој до пред неколку месеци добивал социјална помош во висина од 7.900 денари, но зошто му е двојно намален износот не знае.

    Најстариот син Никола (19) е ветеринарен техничар, но не може да најде вработување. Затоа Јове апелира до надлежните институции и хуманите луѓе да му помогнат да ги изведе децата на пат.