×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петковски:Дамјановски ја злоупотреби седницата за советнички прашања

    18.02.2016 12:57 | KumanovoNews

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција објаснија дека вчера ја напуштија седницата на Советот за советнички прашања, затоа што градоначалникот ја злоупотребил седницата за политички маркетинг.

    Петковски:Дамјановски ја злоупотреби седницата за советнички прашања

    Обвинуваат дека градоначалникот Зоран Дамјановски одговораше на нарачани прашања со цел да не бидат поставени вистинските прашања. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека проектите кои ги вети во кампањата на последните локални избори градоначалникот не ги реализирал или реализацијата доцни.

    Такви се ветувањата за изградба на 28 автобуски постројки во градот, изградба на 11 мини пречистителни станици, изградба на тротоар на потегот од фабрика Искра до бензинската “Твинс Петрол“, намалување на цените за паркирање. Ние како советници имаме мандат од граѓаните за да ги браниме нивните интереси, а не да бидеме дел од ова шоу на градоначалникот. Како потврда на ова наше тврдење е и телевизискиот пренос на седницата, на која граѓаните можеа да видат дека градоначалникот, со помош на претседателот на Советот ја имаат злоупотребено седницата за советнички прашања со единствена цел-вистинските прашања никогаш да не бидат поставени. Ние како советничка група нема да дозволиме личната промоција на градоначалникот да биде пред интересите и потребите на граѓаните - изјави Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ вчера планираа да прашаат за канализацијата во место викано Ливаде, проектот за доизградба на канализациона мрежа во Горно Којнаре, кои станбени згради се предвидени за реконструкција на фасади, дали е  можно известување на граѓаните кога ќе има интервенции во водоводна мрежа, кога ќе се обележат пешачките премини и друго.