×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петковски:Освоивме 9 пратеника во „двојка“

    11.12.2016 22:45 | KumanovoNews

    Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски, вечерва изјави дека „Коалицијата за подобра Македонија„  освоила 9 пратенички места во втората изборна единица, иако во Куманово имаат помал број на гласови од СДСМ.

    Петковски:Освоивме 9 пратеника во „двојка“

    „Во Куманово од 90 отсто од преброените гласови СДСМ  има 21.500 а ние  20.500. Остануваат уште десетина избирачки места така да не очекуваме некоја битна разлика. Ние сме задоволни од резултатите, бидејќи ги повторивме од 2014 година. На ниво на државата коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 4 до 5 пратеника.  Како што засега стојат работите во втората изборна единица  ние освојуваме 9 пратеника, СДСМ 7 , ДУИ  2 и БЕСА 1 пратеник. Ќе ја искористам приликата да им се заблагодарам на сите наши членови на сите наши симпатизери, кои ни ја дадоа довербата и гласаа за нас. Многу е битно што изборниот ден помина без инциденти, гласањето беше фер и демократски, - изјави  Петковски.