Петмина кумановци кандидати за пратеници во двојка
06.11.2016 13:02
| KumanovoNews
Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Лидија Тасевска, Жалкина Јовановска и Мартин Захариев, се членови на општинските организации на СДСМ Куманово и Старо Нагоричане, кои се најдоа на листата на пратеници во втората изборна единица за парламентарните избори на 11 декември.

Според партиски извор, Спасовски е носител на листата, Димитриевски се наоѓа на 6 место, Тасевка на 12, Јовановска на 16 и Захариев на 18 место.
На листата на пратеници не се најде ниту еден партиски функционер од општинските раководства во Куманово и Нагоричане.