×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијан малолетник со ауди се превртел во Ново село, совозачот се бори за живот

    17.07.2016 12:34 | KumanovoNews

     Четиринаесет годишно момче се бори за живот на скопските клиники, откако синоќа се здобило со тешки повреди во превртен автомобил на стариот пат Куманово- Скопје, во Ново село.

    Пијан малолетник со ауди се превртел во Ново село, совозачот се бори за живот

       Несреќата се случила во 22.15 часот, кога автомобил ауди А-4 Авант, кој го управувал 16 годишен малолетник од селото Љубодраг, сопственост на Р.А. од Скопје, изгубил контрола на аудито при што излетал надвор од патот и се превртел. Во несреќата, сопатникот во автомобилот 14 годишно момче од Словенија, со тешки повреди пренесено е во Кумановската болница.

    Лекарите констатирале дека има повреди на черепот опасни по живот, поради што по укажана лекарска помош итне е упатен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. 

    На малолетниот возач му е направена анализа на крв, при што е констатирано присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.