Пијани кумановци истепале сограѓани во кафеана
30.08.2016 16:53
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.М.(48), М.С.(43) од Куманово, и двајца непознати сторители поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените на 13.август годинава, триесет минути по полноќ во кафеана во Куманово, откако претходно се напиле ги нападнале Ј.С. (48) и Б.Т. (30) од Куманово. Удирајќи ги со тупатници во пределот на главата и телото им нанеле телесни повреди.