×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пивтијада по 15. пат во Куманово

    17.01.2017 09:59 | KumanovoNews

    Мултимедијалниот центар Карпино по 15. пат ја организира манифестацијата Пивтијада, која ќе се одржи во четврток во ресторанот Грација.

    Пивтијада по 15. пат во Куманово

    На манифестацијата ќе се избира најдобрата пивтија и ќе се изврши примопредавање на кумството по повод празникот Богојавление-Водици.

    „Во натпреварувачкиот дел ќе има 15 учесници, а стручно жири ќе го оценува квалитетот и вкусот на пивтиите. Оние кои имаат желба да се натпреваруваат има уште време, можат да се пријават.Ќе приготвиме над 500 тањири пивтии, кои ќе бидат поделени на гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата, но и во хуманитарни цели на децата со посебни потреби и на социјално загрозени семејства. И оваа година како и предходните месото и месните производи ги обезбедува нашиот донатор Екста Меин, - вели Зоран Павловски, претседател на „Карпино„.

    Во културно забавната програма ќе учествува КУД „Панче Пешев„, Мартија Станојковиќ и галички оркестар со зурли и тапани.

    Манифестацијата е подржана од Општината Куманово. Почетокот е закажан во 12 часот.