Плинска боца разнесе стан на „Октомвриска револуција“
22.03.2016 18:00
| KumanovoNews
Од експлозија околу 18 часот, еден стан е целосно уништен а уште неколку се оштетени во зграда на булеварот „Октомвриска револуција„, зад Стаклопан.

Во експлозијата нема повредени. Силната експлозија ги скрши стаклата и на околните згради и ги вознемири кумановци. Полиција, брза помош и противпожарната бригада се на лице место. Како дошло до несреќата ќе утврди истрагата.
Станарите на зградата вознемирено раскажуваат дека одеднаш слушнале многу силна експлозија од која почнале да пукаат стаклата на прозорците. Во прв момент помислиле дека е бомба, но претпоставуваат дека се работи за плинска боца.