Мени

Почна да се мери загаденоста на воздухот во Куманово

19.02.2016 15:07 | KumanovoNews

Мерната станица во кругот на Општа болница Куманово од вчера почна да работи, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Почна да се мери загаденоста на воздухот во Куманово

Податоците засега покажуваат дека Куманово е ниско загаден град, но состојбата се менува од час во час и степенот на загаденост може да се следи на веб страната на ресорното министерство. Најзагадени се градовите Тетово и Скопје.

Мерната станица во Куманово не работеше последниве три години откако се расипа и беше потребно да се набават резерни делови за нејзино функционирање.