×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подигнато обвинение за убиството во „Св. Мина„

    28.12.2016 08:49 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинител акт против Д.Д., за кривично дело убиство што се случи на 26 јуни, во кругот на црквата „Света Мина“, каде што беше убиен Б.И.

    Подигнато обвинение за убиството во „Св. Мина„

    Од Јавното обвинителство соопштија дека надлежниот јавен обвинител во текот на истражаната постапка ги прибрал сите материјални и вербални докази за случајот и до Основниот суд во Куманово го доставил обвинението. Воедно до судот бил доставен и предлог за продолжување на притворот на обвинетиот, кој се товари за убиство со умисла.

    „Настанот се случил кога по посета на ноќен клуб, обвинетиот и жртвата се упатиле кон кумановската населба Вера Которка, во кругот на црквата „Св. Мина“. Додека разговарале, обвинетиот му пришол од зад грб на сега починатиот кој седел на клупа во близина на бунар, извадил огнено оружје, пиштол марка „црвена застава“ и од непосредна близина на растојание од 2 сантиметри, испукал еден куршум во левиот тилен дел на главата на сега покојниот. Нанесената прострелна рана предизвикала фатални повреди поради што настапила смртта. Обвинетиот потоа го фрлил телото на починатиот во блискиот бунар и го напуштил местото на настанот“, пишува во соопштението од Јавното обвинителство.