×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подобрени условите за престој во Домот за стари лица

    15.03.2017 18:43 | KumanovoNews

    Сто педесет корисници на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово имаат подобри услови за престој, откако минатата година се инвестирани 3,7 милиони денари за реновирање на собите.

    Подобрени условите за престој во Домот за стари лица

    Во 2016 година во целата зграда се заменети старите прозорци со нови ПВЦ, извршена е промена на старите и дотраени плочки со нови на површина од 580 метри кавдратни, инвестирано е во дел од собите и набавен е нов мебел.

    Наша цел е корисници да бидат задоволни од услугите за сместување. Да им обезбедиме активен социјален живот со различни програми, зајакнување на системот за здравствена заштита и обезбедување добри услови за сместување. Сето тоа се трудиме да го реализираме со нашиот административен и финансиски капацитет, изјави директорот на установата Џемаљедин Неџипи.

    Тој најави дека со подршка на локалната самоуправа и за оваа година ќе инвестираат во подобрување на условите и стандардот на живеење во установата.

    Секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска, истакна дека менаџерскиот тим постојано вложува во подобрување на условите за престој на лицата од третото доба и потсети дека во 2014 година целосно е завршена реконструкција на геријатријата, во 2015 пак се вложени 3,6 милиони денари за реконструкција на првиот реон од зградата и тоалетите.

    Луѓето од третата доба се значајни за ова општество. Овде освен што се сместени нашите сограѓани од Куманово, има луѓе и од поширокиот регионот. Уште еднаш честитки до директорот, кој постојано работи на подобрување на условите во оваа општинска установа – изјави Алексовска.

    Во установата има голем интерес има за згрижување на лица со здравствени проблеми, но надлежните велат дека тие превенствено се дом за стари лица. Месечното сместување изнесува 12.000 денари.