×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицаец повреден додека се обидувал да уапси лице барано по потерница

    09.07.2020 14:13 | KumanovoNews

    Полициски службеник денеска е повреден додека се обидувал да уапси штипјанец кој бил баран по потерница. Инцидентот се случил напладне во центарот на Куманово.

    Полицаец повреден додека се обидувал да уапси лице барано по потерница

    Според СВР Куманово, во 13.30 часот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово, полициски службеник од СВР Куманово, кој извршувал службени дејствија со „пајак служба“, забележал непрописно паркирано возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, сопственост на М.П.(29) од Штип и издал наредба возилото да биде кренато со специјалното возило „пајак“.

    Набргу потоа дошол сопственикот и на местото ја платил казната за непрописното паркирање, по што возилото било спуштено. Во меѓувреме, по извршени проверки, полицискиот службеник добил информација дека лицето е предмет на потрага и треба да биде лишено слобода.

    Во тој момент, М.П. веќе бил во возилото и кога полицискиот службеник се обидел да го спречи да замине, тој го стартувал возилото и со него го повлекол полицискиот службеник, кој притоа се здобил со повреди, по што успеал да побегне.

    Набргу потоа, возилото било пронајдено, а М.П. се дал во бегство.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    (фото - радио бум)