Политички графити против пратеникот Спасовски
28.02.2017 14:12
| KumanovoNews
Графити со навредливи содржини биле испишани во близина на куќата на пратеникот Оливер Спасовски во Куманово.

Случајот е пријавен во полиција.
Во билтенот на МВР стои дека на ул. „Ратко Митровиќ“, во близина на куќата на О.С. непознат сторител напишал графити со навредлива содржина упатени кон него. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
(фото:Радио Бум)