Помош за сиромашните и бездомниците
Општинската организација на Црвен крст Куманово интензивно работи на обезбедување хуманитарна помош на социјално загорозените семејства и стари и изнемоштени лица во отсечените и непристепни села во регионот.

Во изминатите неколку дена однесена е помош на неколку повеќечлени семејства во селата Цвиланце и Коњух, кои живеаат во исклучително тешки услови.
„Во овој период акцент на нашата работа е да помогнеме на семејствата кои поради невремето се отсечени од градот. Им однесовме храна, облека, обувки, ќебиња, хигиенски средства, - вели Бојан Петрушевски, секретар во Црвен крст Куманово.
Во изминатите десетина дена, тимовите поделиле помош на 30 семејства во градот и приградските населби, а обезбедиле сместување и на двајца бездомници кои питачеле по градот. Во првиот случај се работи за мајка со дете, во вториот за маж од Средорек, кои се пријавени во Центарот за социјални работи и најдено им е сместувалиште.