Поплавен подрум во куќа во Диво насеље
04.05.2016 10:30
| KumanovoNews
Поплавен е подрум на куќа на ул.„Јован Поповиќ„ во Диво Насеље, под автопатот Куманов-Скопје.

Надојдените води по обилните дождови навлегле во објектот вчера околу пладне. Отакако сопственикот увидел дека неможе сам да се справи со водата побарал помош од единицата за противпожарна заштита.
„Кај нас лично е побарана помош во 12.45 часот, а црпењето на водата траеше до 17.30 часот“, - велат од ТППЕ.
Во текот на вчерашното деноноќие Куманово беше зафатено од обилни врнежи од дожд, кои изнесуваа 44 литри на метар квадратен. Врнежите го зголемија водостојот на реките Кумановка, Липковка и Пчиња, но излевања на реките нема.