Поплавено земјиште во неколку кумановски села
11.03.2016 10:43
| KumanovoNews
Обилните врнежи од дожд го зголемија водостојот на реките во североисточниот регион што предизвика поплави на земјоделското земјиште во неколку села.

Од излевањето на Крива Река поплавени се ниви на Клечовско стопанство во селото Клечовце и мал дел во Јачинце. Во селото Довезенце нема поплави на земјиштето, освен што водата го однела импровизираниот мост на реката што го поврзува селото. Дел од жителите на селото се отсечени од градот.
Во Општината Старо Нагоричене излевања има во селата Добрача и Драгоманце. Меморијалниот центар не е зафатен со вода.