Попоски носител во втората изборна единица
18.10.2016 11:26
| KumanovoNews
Министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Попоски, ќе ја предводи пратенчката листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица.
Попоски синоќа го посетил општинскиот комитет на партијата во Куманово и им се обратил на сопартијците.
„ВМРО – ДПМНЕ тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место во Република Македонија. Сметаме, дека е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои пред нас“, - изјавил Попоски.
На последните неколку парламентарни избори носител на листата беше поранешната минситерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

