Поскапуваат дизелот и бензините
06.07.2026 15:03
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука бензините да поскапат за 1 денар по литар, а дизелот по 2,50 денари по литар.
Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе изнесува 82,50 денари за литар.
За 2 денари по литар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова цена ќе биде 81,50 денари за литар.
Единствено намалување има кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 0,265 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува 41,230 денари за килограм.