Повеќе улици денеска без струја
15.03.2017 08:16
| KumanovoNews
Без струја денеска ќе останат корисниците на повеќе улици во градот, поради инвестициски зафати за подобрување на квалитетот со снабдување.

Без електрична енергија од 8.30 до 15 часот, ќе бидат корисниците на улиците Дојранска, Х.Т.Карпош, Киро Фетак, Белградска, 1. Мај, Вера Ц.Трена, Сава Ковачевиќ и Ристовац.
Од 11 до 13 часот дел од ул. Кирил и Методиј, а од 13 до 15 часот дел од ул.11. Ноември, информираат од ЕВН.