×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повик за измени и дополнување на урбанистички план

    06.03.2017 09:01 | KumanovoNews

    Општина Куманово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови.

    Повик за измени и дополнување на урбанистички план

    - Предмет на иницијатива, која во писмена или електронска форма  се доставува до општина Куманово, може да биде донесување нов урбанистички план или измена и дополнување на постоечкиот урбанистички план. При тоа мора да се даде и образложение за барана измена и предлог на плански опфат од подносителот на иницијативата, - информираaт од Секторот за урбанизам.

     Прифатените иницијативи ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Куманово за 2017 година.

     Иницијативи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање можат да поднесат правни и физички лица.

    Средствата за прифатените иницијативи за изработка на потребната документација ги обезбедуваат подносителите на иницијативите. Вакви објави согласно позитивната законска регулатива се објавуваат два пати годишно.

    Повикот ќе трае до први април годинава, а следниот повик ќе биде објавен во септември годинава.