Повреденени мотоциклист и негов сопатник
23.09.2016 13:45
| KumanovoNews
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на крстосницата од улиците „11. Октомври“ и „Сава Ковачевиќ“ во Куманово.
Сообраќајката се случила во 16.30 часот помеѓу автомобил „Форд Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.И. (28) од с.Матејче, и мопед „Јамаха Џок“ без регистарски ознаки, управувано од седумнаесетгодишник од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и седумнаесетгодишен сопатник. На истите им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, но поради сериозноста на повредите истите биле пренесени во Клинички центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

