Мени

Пожари во Бабин Дол и Матејче

17.02.2016 09:51 | KumanovoNews

Територијалната противпожарна единица Куманово, во изминатите 24 часа бележи две интервенции во населбата Бабин Дол и село Матејче.

Пожари во Бабин Дол и Матејче

Во Бабин Дол е изгасната експлодирана плинска боца во периодот од 21.15­ до 21.45 часот. Немало голема штета, a во гаснењето на пожарот учествувале 4 пожарникари со едно возило.

Втората интервенција е во село Матејче­ во општина Липково, на запалена трафа во периодот од 12.55 до ­14 часот. Пожарот е ставен под контрола со едно возило и 4 пожарникари.