Пожари во Долно Којнаре и Речица
16.02.2016 09:43
| KumanovoNews
Територијалната противпожарна единица Куманово, во изминатите 24 часа бележи две интервенции и тоа во населбата Долно Којнаре и во селото Речица.

Во Долно Којнаре утрово од 5.45 до 6.25 часот, имало интервенција на запалено моторно возило, при што е интервенирано со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари.
Втората интервенција е во Речица на запалена сува трева, каде огнот е гасен од 15.45 до 16.35 часот, со 1 возило и 4 пожарникари.