×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарникари евакуираа деца од градинка

    19.05.2016 14:31 | KumanovoNews

     Во пресрет на Денот на пожарникарите, денеска во градинаката „Ангел Шајче“, кај спортската сала беше организирана тактичко-показна вежба за евакуација на деца во случај на пожар.

    Пожарникари евакуираа деца од градинка

    Децата беа евакуирани и спасени од огнена стихија за три минути.

    „Акцент беше ставен на спасување на деца од предучилишна возраст. Искрено се надеваме дека нема да дојде, до ваков случај, но ние мора да бидеме подготвени. Вежбата помина беспрекорно“-изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово

    „Денешната вежба е доста корисна и едукативна и за децата, но и за сите вклучени во реализацијата“, рече претседателот на општинскиот противпожарен сојуз Часлав Јовановиќ.

     Градинката „Ангел Шајче “ е прва градинка во државата во која се изведува ваква показна вежба.

     Вежбата само навидум изгледа лесно, иако,  претходно се изготвени елаборати,правилници, протоколи на кој начин секој треба да постапува во таква состојба, - рече директорката Марина Алексовска.

    Вежбата беше реализизирана од преставниците на територијалната противпожарна единица Куманово, општинскиот противпожарен сојуз, претставници на територијалната противпожарна единица Куманово, екипите на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, претставници од Отсекот за превенција од СВР Куманово и од противпожарниот сојуз на Македонија.