Пожарникарните со полни раце работа од почетокот на годината
Дваесетичетири интервенции имала противпожарната единица во Куманово од почетокот на годината.

Од тоа најмногу, дури 13 на запалени објекти, куќи, станови, штали, шупи и други помошни простории и во 2 случаи на моторни возила.
Во 8 случаи причината за пожарот биле запалени оџаци, а останатото од електрична енергија.
„Зголемен е бројот на интеревнции во однос на минатаат година. Само за половина јануари имаме 24 интервенции и тоа главно пожари. Ние пред почетокот на сезоната апелиравме до граѓаните да ги исчистат оџаците, но очигледно дека не не послушаа, - вели Деан Илиевски, командир во ППЕ Куманово.
Во пожарите причинета е значителна матерјална штета.
Пожарникарите излегле на терен и при извлекување на заглавени возила во снег, чистење на поплавени простории и др.