Познат идентитетот на застреланиот човек
26.09.2016 11:35
| KumanovoNews
Киро Т.(55) од Куманово е човекот кој утринава е пронајден мртов во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“.

Покрај него бил пронајден и пиштолот од кој е пукано, а за оружјето поседувал дозвола.
Засега нема официјални информации за причините за немилиот настан.