×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Предавања за Костоперска карпа на Оксфорскиот универзитет

    27.10.2016 08:41 | KumanovoNews

    Дејан Ѓорѓиевски, археолог во Кумановскиот музеј, минатата недела одржа предавање во Центарот за класични и византиски студии на факултетот за класични студии на Оксфорскиот универзитет.

    Предавања за Костоперска карпа на Оксфорскиот универзитет

    Предавањето беше организирано на иницијатива на проф. Ине Јакобс, која е и дел од меѓународниот проект на истражување на локалитетот Костоперска Карпа.

    „На предавањето беа соопштени резултати од сопствените истражувања на археологот на кумановскиот музеј, а се однесуваат на ретки претстави на светители претставени на предмети од слонова коска и на една фреска од Македонија. Во рамките на посетата, директорот на музејот и раководителот на проектот од македонска страна остварија средби со партнерите од англиските универзитети, на кои беа прецизирани и плановите за понатамошна соработка помеѓу институциите. Воедно, беше остварена и средба со директорот на античкиот оддел на Ashmolean Museum  - др. Пол Робертс, на која беше изразена иницијатива за меѓусебна соработка помеѓу институциите. На крајот беше заеднички заклучено дека ваквиот тип на соработка на Музејот Куманово со најдобрите светски универзитети и музеи претставува извонреден импулс за подготвување на нови проекти и афирмирање  на македонската научна јавност во светски рамки“, - соопштуваат од Музејот Куманово.