Прегазена жена на „Октомвриска“
Кумановска се здобила со сериозни повреди во сообраќајна несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Сообраќајката се случила вчера во 13.45 часот во Куманово на бул.„Октомвриска Револуција“, кога „Цитроен Ксара“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Д.Т.(40) удрил во пешакот М.П.(39) од Куманово.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општата болница Куманово, но поради сериозноста на повредите била пренесена во Клиничкиот центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.