Прегазена жена во Пуковско
15.09.2016 19:47
| KumanovoNews
Повозрасна жена е прегазена попладнево на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на бензинската пумпа „Роси петрол“ во населбата Пуковско.

Сообраќајката се случила во 16.10 часот, додека С.Т.(75) од селото Арбанашко се движела по улицата. Од засега непознати причини во неа удрил голф кој го управувал Д.Т. (31) од Куманово.
Повредената била пренесена во Кумановската болница каде им подлегнала на повредите.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Куманово.