Прекинат штрајкот во „Чистота“, се изнесува сметот во градот
Вработените во ЈП „Чистота и Зеленило“ продолжија со работа, откако вчера првата смена излезе на протест и не го изнесуваше сметот, поради неисплатени плати.

„Работниците од вчера напладне се на своите работни места и го изнесуваа сметот во втората и третата смена. Прекин имаше само во првата смена, - изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски.
Тој денеска е на состанок со претставници со УЈП со цел да се најде решение за проблемо со блокираната сметка за долг од 50 милиони денари.
Работниците вчера излегоа на протест бидејќи не им е исплатена февруарската и мартовската плата, поради што се соочуваат со големи финсиски проблеми, а останаа и без здравствено осигурување.