×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приходите од издавање имот под закуп да се пријават во УЈП

    12.10.2016 18:17 | KumanovoNews

    Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да ги пријават приходите од издавање под закуп, подзакуп на имот и имотни права.

    Приходите од издавање имот под закуп да се пријават во УЈП

    Во рамки на Планот за управување со усогласеност со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, во наредниот период УЈП ќе спроведе низа активности, пред се од едукативен карактер, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, но и преземање на мерки за намалување на сивата економија насочени кон високо-ризичните даночни обврзници, каде УЈП има детектирано непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи од кирии.

    Како што соопштуваат од УЈП, приходите остварени по основ на закупнина  при издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот, подлежат на оданочување со персонален данок и граѓанинот има обврска да ги пријави во УЈП. Со поднесување на Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права (образец ПДД-АДП/ПИ), во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите.

    Кон Пријавата задолжително треба да се приложи и Договорот за закуп.